Информатор на општина Новаци 33 | Page 11

Вилијан Велјановски го пронајде паричето во центарот Бамби Вилијан Велјановски е овогодинешното најсреќно дете во Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци. Од десеттината дечиња кои ги вртеа мазничињата тој го пронајде она во кое имаше паричка.Ова е василичарска традиција во Бамби за Православна Нова година на која покрај едукативниот кадар присуствува и градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. „ Ваквите празнувања се доста важни за децата бидејќи на некој начин значат не само нивно запознавање со традицијата туку и продолжување на вековните обичаи.Ова е особено важно за да не се заборават и да се продолжат ваквите стари христијански обичаи.На Вилијан му посакувам многу здравје, среќа и успех да го следи цела 2015 година.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски. Верските празнувања и обичаите се дел од едукативниот развој на децата во Центарот „Бамби“ во општина Новаци. Во овие краеви спроти 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина.За ручек, мазник со паричка ќе се врти во многу домаќинства, а потоа ќе се подели на делови колку што има членови во семејството, еден за господ и плус еден за куќата. 11